Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Градиме 29 социјални станови во Велес, преку 660 во цела држава
14.04.2021

Градиме преку 660 станови за социјално ранливи категории на граѓани за да овозможиме пристоен дом на ранливите семејства. Во Велес активно работиме на изградба на станбена зграда со 29 станови за социјално ранливи семејства, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Велес.

 

Министерот, заедно со директорот на АД за станбен и деловен простор од значење на Републиката, Кристијан Трајковски и градоначалникот Аце Коцевски, извршија увид во изградба на станбена зграда за ранливи групи на граѓани во Велес.

 

Зградата има 29 станбени едници, а вкупната вредност е 42 милиони денари. Според договорот треба да биде завршена во месец мај следната година.

 

“Со инвестициите во вакви објекти сакаме да покажеме вистинска грижа за граѓаните на кои им е најпотребно, да обезбедиме кров над глава и пристојни услови за живот. Оваа година во буџетот на Министерството за транспорт и врски беа предвидени 134 милиони денари за реализација на ваков тип на социјални станбени згради, а во текот на минатата година сите средства коишто беа предвидени беа реализирани. Само во овој момент работиме на изградба на преку 660 станови во неколку општини. Посакувам оваа зграда да биде успешен пример за една соработка помеѓу централната и локалната власт, така и да продолжиме во иднина. Општините да креираат урбанистички планови во насока да има простор и можности да реализираме ваков тип на проекти за социјално ранливите категории на граѓани”, изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

 

Министерот потенцираше дека во тек се два проекти за изградба и реконструкција на водоводни и канализациони мрежи во вредност од преку еден милион евра. Исто така во тек е реконструкција на патните влезови во градот.

 

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор истакна дека за кратко време ќе започне изградба  на станбена социјална зграда и во Дебар.

 

“ Завршени се постапките за уште три социјални згради, а во тек е избор на изедувач на објект од ваков тип во Дебар. Заедно со Министерството за транспорт и врски се работи и на ново законско решение со кое се предвидува полесен начин за откуп на социјалните станови опфатени со претходниот проект Ф/П 1340, како и на општествените станови и тоа во насока на пониски каматна стапки и поголем број рати за отплата,” изјави Кристијан Трајковски, директор на АДСДП.  

За градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, изградбата на оваа социјална зграда е од огромно значење за обезбедување на дом за ранливите семејств во градот.

 

“ Овие станови ќе бидат наменети за лица од социјално ранливи категории на население, значи на лица кои се деца без родители, на самохрани родители, на лица од ромската националност, лица со посебни потреби, лица со минимални приходи со гарантирана минимална плата што е особено значајно од овој момент, затоа што сметам дека на овие лица им се најпотребни овие станови. Во  досегашниот период често се случува од странките кои доаѓаат во општина Велес да бараат социјална помош или социјален стан тие не знаат во чија надлежност е тоа,  но со изградбата на овие станови малку ќе се амортизираат притисоците и барањата да дојдат до пристоен дом на живеење барем на 29 семејства од Велес”, изјави Аце Коцевски, градоначалник на општина Велес.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube